Како беше сменет Лампард во Челси: „Утрото ми стигна СМС-порака, веднаш знаев што ме чека“

Френк Лампард во јануари оваа година доби отказ од Челси, и беше сменет од клупата на „сините“. Беше донесен Томас Тухел, и понатаму се е историја. Германецот успеа да ја освои титулата европски првак, со што се покажа како вистински потег на клубот.

Лампард сега откри како бил сменет од клупата на Челси. Тоа било веднаш по победата во ФА Купот над Лутон, со што следното утро го дочекало порака.

„Славевме победа во Купот против Лутон, и следното утро добив порака со содржина: „Може да дојдете пред тренингот и да се видиме во салата?“. Веднаш знаев, признава Лампард.

„Кога се сретнав со Брус Бак и со Марина Грановскаја беше многу срдечно. Знаев што ме чека. Но, јас сум благодорен што ми беше дадена шанса. Никоаш не бев во таква позиција, но кога ќе прифатиш да бидеш тренер, знаеш дека еден ден ќе дојде тој ден кога ќе заминеш. Во Челси мора да освојувате титули, во спротивно веднаш ќе бидете сменети, без разлика колку имате направено во минатото“, искрен беше Лампард.

Тој призна дека клубот застанал зад него како поддршка во ангажманот на голманот Менди, затоа што Кепа не го давал она за кое бил платен, односно како најскап голман на Светот.

Се вчитува...