Лапорт му го донесе на Сити првиот трофеј сезонава (ВИДЕО)

Манчестер Сити е освојувачот на трофејот во англискиот Лига куп откако во финалето славеше над Тотенхем со минимални 1-0. Моментот на одлука се случи во 82. минута кога Де Бруине одлично центрираше од корнер, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Лапорт кој донесе триумф за граѓаните.

Сити повеќе од сигурно е дека ќе стане шампион и во Премиер-лигата во која има десет бода предност пред второпласираниот Јунајтед, а во добра ситуација е и во Лигата на шампионите каде во полуфиналето треба да се сретне со Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...