Лапорта: Дембеле е подобар од Мбапе!

Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона, изјави дека клубот сака Усман Дембеле, брзиот напаѓач да остане во неговите редови. Французинот во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд.

За четири сезони одигра само 82 натпревари и постигна 18 гола, најмногу поради големиот број повреди. Лапорта и понатаму верува дека Дембеле го чека голема кариера.

„Ние ја дадовме нашата понуда. Мислам дека проблемот тука се агентите во толкувањето на се. Сакаме да му покажеме на Дембеле дека не е се во парите. Го сакам Дембеле. Да бидам јасен. За мене Дембеле е подобар од Мбапе. Тој сака да остане, ние сакаме да остане, се надевам дека се ќе заврши во заеднички интерес“, изјави Лапорта.

 

 

 

Се вчитува...