Лапорта е подготвен на се, само Халанд да потпише за Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е подготвен да направи се, само на „Ноу Камп“ да пристигне норвешката гол машина Ерлинг Халанд, пишува „Марка“.

Според „Марка“, борбата меѓу Реал и Барселона за потписот на Халанд станува се пожешка и понеизвесна. Двата клуба се во контакт со менаџерот за неговиот потпис. Лапорта му наложил на раководството на Барселона како знае и умее да го осигура потписот на Норвежанецот од Борусија Дортмунд.

„Мораме да најдеме начин да го потпишеме Халанд“, наводно им рекол Лапорта на раководството на Барселона.

Халанд е свесен за неговиот интерес, но и натаму нема конечна одлука околу неговата иднина. Од друга страна Борусија веќе се подготвува за негово заминување, па го ангажира Карем Адејеми од Салцбург, а пред исто така се споменуваат и имињата на Лука Јовиќ од Реал Мадрид и Себастијан Халер од Ајакс.

Се вчитува...