Лапорта го губи трпението со Чави: Четири кандидати за нов тренер на Барселона

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона оваа сезона не игра на нивото на кое се очекуваше. Поразот од Жирона во последното коло од Ла Лига дополнително ги разгоре страстите во каталонските редови, а тамошните медиуми откриваат дека претседателот на клубот Жоан Лапорта веќе и размислува за смена на тренерот Чави.

Очекувањата се дека наскоро Чави ќе биде повикан на состанок со раководството каде ќе треба да ги објасни лошите партии на својот тим, а доколку истите продолжат и во иднина и дефинитивно ќе дојде до промена на тренерската позиција.

А, легендата на клубот би можела да биде заменета со друга. Прв на списокот се наоѓа Рафа Маркез, легедната на мексиканскиот фудбал и поранешниот ас на Барселона кој во моментот е тренер на „Б“ тимот. Покрај него се споменуваат и Mичел кој прави чуда со Жирона, тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуацил и Тијаго Мота, предводникот на Болоња.

Чави ќе има време до крајот на годинава да ја консолидира формата на каталонскиот гигант, а ако тоа не се случи, Барса веќе на почетокот од 2024 би можела да добие нов стратег на клупата.

Се вчитува...