Лапорта и Куман се договорија: Холанѓанецот со „дебел чек“ си заминува од Барселона

Роналд Куман задоволен ќе си замине од Барселона откако холандскиот стратег постигна целосен договор со раководството на каталонскиот гигант откако му беше врачен отказ на 27 октомври.

Холанѓанецот имаше уште нецели две години од актуелниот договор со Барса, период во кој требаше да заработи 12 милиони евра, а Куман одлично се „испазари“ со Лапорта околу висината на отштетата што треба да ја добие за предвремениот раскин.

Наместо оние 12 милиони што требаше да ги заработи доколку останеше на клупата, Куман ќе добие 10 милиони евра на име отштета и веднаш ќе може да си најде нов ангажман со кој ќе заработи дополнително богатство.

Единственото што Лапорта успеа да го издејствува во преговорите е што сумата ќе може да биде платена до крајот на 2022 година, со што првиот човек на Барса добива простор за маневар во ситуација кога клубот се мачи со огромна финансиска криза.

Се вчитува...