Лапорта има „пеколен план“, Барселона влегува во трката за Мбапе!

Шпанскиот гигант Барселона ќе се вклучи во борбата за потписот на Килијан Мбапе. И покрај постојаните информации за тешката финансиска состојба на „каталонците“, Жоан Лапорта има во план да донесе вистинско засилвуање во тимот.

Според весникот АС, клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да изброи 90 милиони евра за услугите на францускиот репрезентативец.

Според информациите, оваа сума ќе биде личен бонус за фудбалерот доколку е подготвен да потпише со Барселона. Преговорите меѓу двете страни ќе ги води фудбалскиот агент Пини Захави, кој практично го однесе Нејмар од Барса во ПСЖ.

Се вчитува...