Лапорта ќе го убедува Чави, главен „адут“ е Халанд

Пред нешто повеќе од еден месец, тренерот на Барселона Чави истакна дека на крајот на сезоната заминува од клубот. Неговата одлука е конечна, и тоа го повтори неколкупати, меѓутоа Лапорта не се откажува од него, и ќе стори се да го убеди да остане.

За да успее во неговата мисија, Лапорта е подготвен да му „понуди“ и неколку нови имиња кои ќе му ги донесе на „Ноу Камп“. Главен адут, се чини, ќе биде Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Лапорта е подготвен да го донесе во тимот за следната сезона.

И покрај тоа што се соочува со финансиски проблеми, наводно Лапорта му ветил на Чави дека тоа наскоро ќе биде завршена приказна, и клубот одново ќе може да се засилува со големи имиња.

Дали тоа ќе биде доволно за Чави да се премисли, останува да се види. Засега тој останува на ставот дека идната сезона нема да седи на клупата на „Каталонците“.

Се вчитува...