Лапорта не дозволува да замине од Каталонија, Дембеле потпишува нов договор со Барселона

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе се согласи да го продолжи договорот со клубот. Французинот се уште не ги договорил сите детали од новиот договор, но не сака да си замине од Каталонија.

Дембеле игра за Барселона од 2017 година, каде се пресели од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра. Договорот на играчот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Според интернет порталот „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 50 милиони евра.

Во актуелната сезона од шпанската Ла Лига, Дембеле учествуваше во пет натпревари и запиша две асистенции. Исто така Осман Дембеле има одиграно три натпревари во Лигата на шампионите.

Се вчитува...