Новиот кикс на Барселона во шпанското првенство и испуштањето на знајачни два бода по ремито од 3-3 против Гранада која се наоѓа во зоната за опстанок предизвика бурна реакција кај претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.
Според „Ел Чирингито“ за време на самиот натпревар незадоволни навивачи во близина на ложата гласно го изразиле своето незадоволство од раководните лица на клубот, а некои од нив се обиделе и да се доближат до Лапорта.
„Радио Каталуња“ пренесува дека додека бил во ВИП ложата на „Монжуик“ гневниот Лапорта ги фрлал послужавниците со колачи и по натпреварот тој и Рафа Јусте влегле во соблекувалната на тимот за да го изразат своето разочарување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА