Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на денешната прес-конференција говореше за финансиската состојба на каталонскиот гигант. Лапорта успеа да го стабилизира фудбалскиот џин, на крајот менаџирајќи го буџетот за да може да го регистрира Дани Олмо како главно засилување за наредната сезона.
Лапорта најави дека очекува најдоцна до крајот на сезонава каталонците да ги исполнат сите финансиски правила и клубот конечно да застане на здрави нозе, а првиот човек на Барса откри и каков потег повлекол Роберт Левандовски, изненадувајчи ги сите во клубот.
„Роберт Левандовски е играч кој е максимално посветен на Барселона, ви го гарантирам тоа. Кога имавме проблеми да ги регистрираме Олмо и Пау Виктор тој самиот ми се јави и се понуди да му го смениме договорот, да игра за помала плата за да може да се комплетираме. Му се заблагодарив и му реков дека тоа нема да биде неопходно, но самиот потег јасно става до знаење колку е тој лојален на Барса. Среќен сум што го гледам максимално мотивиран, очигледна е неговата желба за голови, победи и освојување трофеи со нашиот клуб. Нема многу играчи како Левандовски во модерниот фудбал“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА