Лапорта побарал совет од Гвардиола за нов тренер на Барса: Изборот на Пеп е интересен…

Од моментот кога Чави објави дека си заминува на крајот од сезонава бројни тренери почнаа да се нудат на Барселона, а каталонскиот гигант веќе ја стартуваше потрагата по нов стратег што летово ќе се пресели на жешката клупа.

Жоан Лапорта разгледува најразлични опции, откако каталонците во последниот период беа поврзувани со Флик, Тухел, Де Зерби, Аморим…  Според шпанските медиуми првиот човек на Барса неодамна побарал совет од Пеп Гвардиола, чие мислење Лапорта максимално го почитува од времето на заедничка соработка пред повеќе од една деценија. Пеп важи за човек од доверба на Лапорта, а стратегот на Сити го посоветувал првиот човек на Барса на клупата да го доведе Роберто де Зерби.

Италијанецот седи на клупата на Брајтон, но има клаузула за раскин во висина од 10 милиони евра што Барса без проблеми ќе ја плати. Како аргумент на Гвардиола бил фактот дека ДеЗедби инсистира на напаѓачки фудбал, но истовремен е навикнат и на работа со играчи кои не се мегаѕвезди и според Пеп тој подобро би се снашол со овој играчки кадар на Барса отколку Флик и Тухел, кои ќе бараат и поскапи засилувања.

Останува да се види дали Лапорта ќе го послуша советот на својот пријател или на крајот ќе се реши за поинаква опција…

Се вчитува...