Лапорта пресече: Серхи Роберто пред излезна врата од Барселона

Серхи Роберто не постигна договор со челниците на Барселона во врска со потпишување на нов договор. Играчот од средниот ред остана единствениот од четворицата капитени кои не потпишаа нов договор со согласност за намалување на платата, а во моментов преговорите целосно пропаднаа.

Роберто има волја да му помогне на клубот за кој навиваше цел живот, дури беше подготвен да прифати намалување на платата помеѓу 30% и 40%, но некаде преговорите заглавија. Фудбалерот имаше личен разговор со претседателот на клубот, Жоан Лапорта, по што многу работи се сменија. Тој наводно е незадоволен од неговиот статус во тимот, кој најверојатно нема да се промени ниту во иднина.

„Ас“ пренесува дека Лапорта сака да го доведе Франк Каси од Милан, фудбалер за кој Реал Мадрид исто така покажува голем интерес.

Се вчитува...