Раководството на Барселона ја започна потрагата за наследникот на Чави на „жешкото столче“ на „Камп Ноу“ откако поранешната играчка легенда најави дека заминува на крајот на сезоната со оглед на лошата сезона која ја има каталонскиот тим.
А, Жоан Лапорта би можел да направи и изненадувачки потег и на клупата да го врати поранешниот тренер на Барселона, Френк Рајкард кој е без ангажман десет години. Рајкард ја предводеше Барселона во првиот мандат на Лапорта од 2003 до 2008 година и во тој период освои две шампионски титули во Ла Лига, два шпански Суперкупа и еден трофеј во Лигата на Шампионите.
Холандскиот стратег по Барселона заврши во Галатасарај, а последниот ангажман го имаше во 2013 година кога ја предводеше репрезентацијата на Саудиска Арабија. Рајкард е надвор од светот на фудбалот и во моментот се занимаава со недвижности во Амстердам па останува отворено прашање дали ќе се нафати на предизвикот.
Каталонските медиуми информираат дека Лапорта го контактирал овој стручњак, но не е наведено каква функција му е понудена во клубот. Дел од медиумите бомбастично најавија дека Рајкард би можел да го наследи Чави, но дел од нив шпекулираат дека на холандската фудбалска легенда и е понудено да биде дел од највисоките структури во младинската школа на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА