Лапорта згрми во Каталонија: Барса се враќа на голема врата на трансфер-пазарот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е оптимист за иднината на клубот и верува дека наскоро ќе се врати на старите патеки. Тој беше запрашан од новинарите за можноста Каталонците да го ангажираат Ерлинг Халанд како еден од најдобрите и најперстективните фудбалери во светот.

Одговорот на Лапорта не беше конкретен околу Норвежанецот, но најави дека дресот на Барселона повторно ќе биде привлечен за фудбалерите од светска класа.

„Работиме напорно да создадеме топ тим. Се’ е можно ако ги направиме работите како што треба. А сигурен сум дека ќе успееме во тоа. Целиот свет треба да се подготви, бидејќи се враќаме како големи играчи на трансфер-пазарот. Барселона се враќа на победничкиот пат“, рече првиот човек на Каталонците.

Се вчитува...