„Лацијалите“ испорачаа шестка, Интер подобар од Беневенто

Лацио оствари убедлива победа на „Олимпико“, совладувајќи го Сасуоло со 6-1. Луис Алберто го постигна првиот гол за Лацио во последните мигови од првиот дел, а вистинска канонада следуваше во второто полувреме. Во листата на стрелците се запишаа Де Фрај, повторно Луис Алберто, двоен стрелец беше и Пароло, а од пенал погоди и Чиро Имобиле.

Интересно е дека Сасуоло поведе на оваа средба со 0-1, со погодокот од пенал на Берарди во 27.минута.

Интер триумфираше против аутсајдерот Беневенто на гости со 1-2. Двата гола за „нероаѕурите“ ги постигна Марсело Брозовиќ, а намали Д’Алесандро.

Резултати Италија: Лацио – Сасуоло 6-1, Беневенто – Интер 1-2, Торино – Верона 2-2, Киево – Фиорентина 2-1, Спал – Кротоне 1-1.

Се вчитува...