„Лацијалите“ ја освоија Венеција (ВИДЕО)

Лацио стигна до победа на гостувањето кај Венеција од 1-3 во 19. коло од италијанската Серија А. Педро уште во третата минута донесе водство за „лацијалите“ од 0-1. До крајот на првиот дел домаќините израмнија со голот на Форте во 30. минута.

Во второто полувреме Ачерби повторно ги донесе во водство гостите во 48. минута, а конечните 1-3 ги постави Алберто во 95. минута.

Во вториот натпревар од 16.30 часот, Болоња стигна до лесен триумф над Сасуоло од 0-3.

Се вчитува...