Лацио без мака ја реши Болоња

Лацио ја продолжи серијата добри игри во Калчо-лигата, триумфирајќи над Болоња со убедливи 3-0 за освојување на десет од можните 12 бода во последните четири кола од елитното италијанско фудбалско друштво. Избраниците на Сари го оставија зад себе разочарувачкиот настап при поразот од Милан во Купот на Италија, попладнево одиграа квалитетен меч, заслужено стигнувајќи со цел плен.

Чиро Имобиле беше стрелец на првиот гол, откако италијанскиот репрезентативец умешно го реализираше пеналот што беше досуден за „лацијалите“. Сите дилеми околу победникот беа разрешени во првите петнаесетина минути од второто полувреме, кога Закањи со два гола ја осигра победата на римскиот клуб.

За Болоња овој резултат значи и продлабочување на кризата, овој тим во последните пет кола освои само еден единствен бод, па се погласно се шпекулира дека тренерот Синиша Михајловиќ би можел да добие отказ во наредниот период.

Се вчитува...