Лацио без проблеми против Калјари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио стигнаа до рутински триумф на гостувањето кај Калјари од 0-3 во 28. коло од италијанската Серија А. Чиро Имобиле од пенал во 19. минута донесе водство за „лацијалите“, а до крајот на првиот дел таа беше удвоена со погодокот на Луиз Алберто во 43. минута.

Во вториот дел конечните 0-3 ги постави Фелипе Андерсон во 62. минута на асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. До крајот за издвојување е непотребниот втор жолт картон кој го доби Марушиќ во 89. минута и тоа при позитива од три гола за неговиот тим.

И покрај триумфот Лацио останува на седмата позиција на првенствената табела со 46 бода, додека Калјари е седумнаесетти и до крај го чека тешка борба за опстанок во елитата.

 

 

Се вчитува...