Лацио дојде до седмата победа во Серија „А“, „жртва“ беше Сампдорија (ВИДЕО)

Лацио со голот на Сергеј Милинковиќ – Савиќ и двата гола на Имобиле, дојде до победа над Сампдорија на гости со 1-3. Лацио го реши победникот уште во првите 37 минути кога поведе со 0-3, за Сампдорија на крајот преку Габиадини да намали.

Лацио во текот на мечот остана и со играч помалку, откако за една минута Сергеј Милинковиќ-Савиќ заработи два жолти картони и беше испратен во соблекувалната.

Се вчитува...