Лацио го „блиндираше“ Имобиле

Чиро Имобиле минатата сезона беше најдобар стрелец на Лацио, па јасно е зошто римскиот клуб стори се што можеше за да договори што подолга соработка со италијанскиот репрезентативец.

Преговорите конечно вродија со плод, па Имобиле по враќањето од репрезентативните обврски ќе потпише нов долгорочен договор со „лацијалите“. Тој ќе биде со важност до 2023 година, а Имобиле ќе има загарантирана плата од 3,1 милион евра, плус дополнителни 100.000 евра за секои десет постигнати гола севкупно секоја сезона (во италијанското првенство и во европските купови).

Чиро Имобиле досега има постигнато 68 погодоци во дресот на римскиот клуб и е седми најдобар стрелец во историјата на Лацио.

Се вчитува...