Лацио ја уништи Рома во градското дерби (ВИДЕО)

Лацио одигра неверојатно во градското дерби, совладувајќи го големиот ривал со убедливи 3-0. Трагичар на мечот е одбранбениот фудбалер на римската волчица Ибањез кој направи големи грешки при првите два гола на „лацијалите“ на Чиро Имобиле во 14. и Луиз Алберто во 23. минута.

Конечните 3-0 ги постави Луиз Алберто со својот втор гол на натпреварот во 67. минута. Со овој триумф Лацио се искачи на 7. позиција на првенствената табела со 31 бод, додека Рома останува 3. со три бода повеќе.

 

 

 

Се вчитува...