Лацио лесно ја совлада Специја

Лацио експресно се врати на победнички патеки во Калчо-лигата по минатонеделниот пораз од Удинезе, откако избраниците на Симоне Инзаги рутински славеа на гостувањето против Специја со 1-2.

Победникот беше решен уште во првото полувреме што римскиот клуб го доби со 0-2 благодарение на погодоците на Имобиле и на Милинковиќ – Савиќ. Домашниот состав во вториот дел успеа да намали на 1-2, но тоа беше се што Специја успеа да стори на оваа средба.

„Лацијалите“ во последните десет минути постигнаа уште два погодоци, но и двата беа поништени со ВАР поради офсајд-ситуации.

Се вчитува...