Лацио реагираше, Роналдо се соочува со казна за тајните тренинзи (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо се соочува со казна од локалниот секретаријат за здравство во Португалија, по објавените фотографии за негови тајни тренинзи на отворени за време на карантинот во Мадеира.

Роналдо во родната Мадеира ја минува паузата во Серија А, искористивајќи го времето за индивидуални тренинзи. Но, на сето тоа најпрво реагираше Лацио, затоа што на нивните фудбалери не им се дозволува тренинг а Роналдо одржува форма, а потоа и секретаријатот за здравство на Португалија.

„Роналдо нема дозвола за тренинг. Ги прекрши правилата и сигурно ќе мора да одговара согласно законот. Тој е еднаков и на останатите граѓани во државава, и сигурно не е над законот. Тој треба да биде пример за сите останати, а не да ги прекршува правилата“ – изјави локалниот секретар за здравство во Мадеира, Педро Рамос.

Се вчитува...