Лацио сам на терен, Торино не смее да патува во Рим

Натпреварот меѓу Лацио и Торино што е закажан за вечерва на „Олимпико“ нема да се одигра бидејќи гостинскиот тим доби забрана од здравствените власти да отпатува за Рим.

Торино се соочи со сериозни проблеми поради позитивни играчи во своите редови, поради што не го одигра дуелот од минатото коло. Тогаш на „торинезите“ им беше изречена изолација што истекува вечерва на полноќ, а денеска и официјално беше одбиено барањето за нејзино кратење за 24 часа. Вчера врз фудбалерите на Торино беше извршено ново тестирање, при што сите играчи беа негативни, но решението за изолација останува на сила, па тие вечерва нема да можат да настапат во Рим.

Според правилата, клубот мора да има десет позитивни играчи за да побара одлагање, тоа не е случај со Торино во оваа ситуација па останува да се види дали Лацио ќе добие службена победа или ќе биде одреден нов датум за мечот, како што тоа беше случај со неодиграниот дуел меѓу Јувентус и Наполи.

Се вчитува...