Лацио се избламира среде Рим, само среќен бод против Лече

Лацио уште повеќе си ја искомпликува трката за место кое води во ЛШ наредната сезона откако тимот на Маурицио Сари одигра само 2-2 на домашен терен против Лече. „Лацијалите“ важеа за големи фаворити на овој натпревар, но на крајот мораа да спасуваат бод со голот што го постигна Сергеј Милинковиќ Савиќ во четвртата минута од судиското продолжение.

Лече тргна без страв и преголем респект во мечот, па гостите ја имаа и првата сторпцентна шанса на мечот, но не реализираа пенал по прекшрокот што го направи Хисај во сопствениот шеснаесетник. Казната стигна преку Чиро Имобиле за водство на Лацио од 1-0, но гостите направија извонреден пресврт, израмнувајќи на 1-1 во последните секунди од првото полувреме, а потоа и погодувајќи за 1-2 на почетокот од вториот дел.

Лече беше многу блиску до освојување на цел плен, но „лацијалите“ успеаја да избегнат пораз со среќниот гол на Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој во 94. минута се најде на вистинско место и со прецизен удар со глава го матираше гостинскиот голман.

Се вчитува...