Лацио се вклучи во трката за Елиф Елмас

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас e во сферата на најголемите европски клубови. После Реал Мадрид, Манчестер сити, Борусија Дортмунд и Бенфика, во трката за негов ангажман влегува и италијанскиот калчолигаш Лацио. Како што истакнува „Калчомеркато“, скаутите на Лацио подолг период ги следат игрите на Елмас во дресот на Фенербахче, а спортскиот директор Игли Таре ги отпочнал првичните разговори.

Лацио го посакува Елиф Елмас како наследник за Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Српскиот интернационалец е пред трансфер, го бараат неколку европски гиганти како ПСЖ, Јувентус, Интер и Милан, а Лацио сака навреме да го обезбеди неговиот наследник и да го доведе во Рим.

Елмас има договор со Фенербахче до 2022 година, а турскиот клуб очекува околу 15 милиони евра отштета при евентуален трансфер.

Се вчитува...