Лацио со победа над Сасуоло за пробив на петтата позиција во Серија А (ВИДЕО)

Лацио победи со 2-1 против Сасуоло во 31. коло од Серија А, продолжувајќи ја битката за европски излез во следната сезона.

„Лацијалите“ поведоа со голот на Лазари уште во 17. минута од средбата.

А, конечните 2-0 ги постави Милинковиќ – Савиќ со погодокот во 51. минута.

Сасуоло во 95. минута со голот на Траоре единствено успеа да го ублажи поразот.

Лацио сега се проби на петтата позиција со 52 бода на табелата, пред Аталанта и Рома кои се со 51 бод.

Се вчитува...