Лацио во финишот го скрши отпорот на Кротоне (ВИДЕО)

На отварањето на 27. коло во Серија А, Лацио славеше над Кротоне со 3-2 со гол во 85. минута од средбата со кој го скрши отпорот на „фенеџијата“ и остана во игра за местата кои водат во Европа следната сезона.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ донесе водство на домаќините во 14. минута од средбата, но водството на Лацио не траеше долго бидејќи во 29. минута резултатот го изедначи Сими. До полувремето домаќините ја вратија предноста благодарение на Алберто кој стрелаше десет минути подоцна.

Сими во 50. минута преку пенал донесе ново изедначување, а конечните 3-2 беа поставни во 85. минута од натпреварот кога Каиседо го совлада голманот на гостите.

Се вчитува...