Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров славеше на домашен терен со 22-18 против чешкиот Мост во првиот натпревар од двомечот од првата рунда во Лигата на Европа на ЕХФ.
Првиот дел помина во израмнета игра на двете страни, а по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше 10-10. Во вториот дел нашиот шампион беше подобар па на крајот успеа да стигне до победа од 22-18.
Анџела Губериниќ со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Маркета Шустачкова постигна осум гола. Реавншот ќе се одигра за седум дена во Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
