„Лавовите“ ги дефинираа пријателските натпревари за подготовките во Банско

Македонија ЃП ги дефинираше пријателските натпревари за време на своите подготовки во Банско.

„Лавовите“ во Банско планираат одигрување четири пријателски натпревари. Првата пресметка е закажана веќе во среда со екипата на Ингулец.

Потоа ќе следат и натпреварите со ЦСКА 1948 на 17. јули, па Беласица Петрич на 20. јули и со Академија Пандев на 22. јули, во рамките на финалните подготовки пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

 

Пред заминувањето за Банско, прволигашот од Ѓорче Петров како свое огромно засилување за сезоната 2021/2022 го промовираше и поранешниот вардаров фудбалер Јован Попзлатанов.

Попзлатанов во редовите на Македонија ЃП доаѓа од летонска Рига каде настапуваше изминатава сезона.

Се вчитува...