„Лавовите“ ги почнаа подготовките засилени во стручниот штаб со Мане Манев и со Бајрами (ФОТО)

Фудбалерите на Македонија ЃП ги стартуваа подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Стручниот штаб на „лавовите“ за новата сезона ќе биде засилен со Мухамед Бајрами, како и еден од најдобрите македонски тренери за голмани и поранешен член на стручниот штаб на репрезентацијата, Мане Манев.

Наредниве денови од клубот најавуваат и освежувања на тимот со нови фудбалери кои треба да овозможат стабилна натпреварувачка сезона.

Се вчитува...