„Лавовите“ ја решија Висла во второто полувреме

Некар Левен по ремито со Барселона денеска ја забележа првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, славејќи на домашен терен над Висла Плоцк со резултат 31-27.

„Лавовите“ во првото полувреме се мачеа да го скршат отпорот на полскиот вицепрвак, на одмор се замина со израмнети 13-13, за потоа во вториот дел тимот на нашиот Филип Талески да додаде гас, многу полесно да го наоѓа патот до мрежата на противникот и заслужено да стигне до цел плен.

Талески не постигна ниту еден погодок, а најефикасни кај Некар Левен беа Толбринг и Баена со по шест гола. Дашек беше најдобар стрелец на Висла со шест погодоци од седум обиди кон противничкиот гол.

Се вчитува...