„Лавовите“ поразени од бугарска Варна на контролата во Анталија

Освојувачот на националниот куп Македонија Ѓорче Петров загуби со 0-2 против бугарска Варна во третиот натпревар како дел од подготовките во турска Анталија.

Бугарите погодокот за водство од 0-1 го постигнаа во 67. минута од натпреварот, додека конечните 0-2 беа поставени во 85. минута. Претходно на подготовките во Анталија избраниците на Муарем Бајрами ремизираа без голови против ЦСКА Софија, а загубија од Берое со 2-3.

 

 

Се вчитува...