„Лавовите“ желни за прва пролетна победа: Силекс гостува во Ѓорче Петров

Со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Силекс денеска од 14 часот во Скопје стартува 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ се желни за прва пролетна победа, иако свесни дека ќе имаат повеќе од тешка задача против кратовци. Во секој случај, доколку се посакува сериозно останување во битката за европски излез, составот на Жикица Тасевски мора денеска до трите бода.

„Јасно е дека следи нов неизвесен натпревар во лигата која безмалку е израмнета и нијанси одлучуваат на секој натпревар. Во последните минути загубивме во Струмица, и сигурно сега против Силекс на домашен терен желбата е да се надополни пропуштеното“ – вели Тасевски.

Но, и во таборот на Силекс посакуваат бодови од денешната средба, посебно ако се знае дека веќе длабоко се навлезени и во опасната зона за опстанок.

ПРВА ЛИГА – 22. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

УТРЕ (14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

Се вчитува...