„Лавовите“ живнаа по ремито со Шкендија, Силекс бара реванш за поразот во финалето од Купот

Со дуелот меѓу Македонија ЃП и Силекс денеска во Ѓорче Петров стартува 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Дуел на двата финалисти од годинашното финале во Купот на Македонија во кое ѓорчепетровци беа подобри по изведувањето на пеналите. Токму поради тоа „забревтаниот“ Силекс кој игра одлично на стартот од сеоната посакува реванш и триумф во Ѓорче Петров.

Но, „лавовите“ по претходното реми на гостувањето против Шкендија сега посакуваат продолжување на добрите игри и нови бодови.

„Силекс е одлична екипа со искусен тренер, но ние нема што да калкулираме. Со максимален пристап и концентрација во текот на целиот натпревар посакуваме три бода. Атмосферата во екипа е навистина на високо ниво, и тоа треба да не води до позитивен резултат“ – вели Филип Мишевски.

ПМФЛ – 7. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
УТРЕ (16 ч.)
Прилеп: ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ
Квадараци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Шкендија е слободна

Се вчитува...