Лазаров го предводи „дрим-тимот“ на ветерани во ЛШ

Македонскиот ас Кире Лазаров е предводник на идеалниот тим од ветерани што денеска го објави специјализираниот ракометен портал „Хендбол планет“. Во предвид се земени само ракометари повозрасни од 35 години, а Лазаров за соиграчи има асови од светски калибар.

Нашиот капитен и сезонава игра извонредно во дресот на Нант, па заслужено е избран за најдобар десен бек, пред Ласло Наѓ од Веспрем. Бековската линија кај Лазаров ја пополнуваат Анди Шмид од Рајн-Некар Левен и Раул Ентрериос од Барселона, а на голот се наоѓа Тиери Омејер.

„Вардарецот“ Тимур Дибиров е избран за најдобро лево крило меѓу ветераните во ЛШ, а на спротивната страна најдобро десно крило е Ласе Сван од Фленсбург.

Најдобар пивот во овој дрим-тим е Норвежанецот Бјарте Мирхол, кој е и единствениот ракомет елиминиран од групната фаза бидејќи неговиот Скјерн не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето.

Се вчитува...