Лазаров најефикасен во новата победа на Нант

Кире Лазаров беше прв стрелец на Нант во гостинската победа против Ст.Рафаел со 25-26, во натпреварот од 3.коло во француското првенство. Македонскиот капитен запиша седум гола од кои шест од шест од седмерец и еден од игра.

Најголемата заслуга за новата победа на Нант, сепак оди кај голманот Сирил Думулин, кој имаше уште една фантастична серија со 21 одбрана. На Думулин на спротивната страна успешно му парираше Михаи Попеску со 19 одбрани, но тоа сепак не беше доволно за победа на Ст.Рафаел.

По првките три натпревари, Нант има максимални три победи и држи чекор со ПСЖ и со Монпелје на врвот на табелата. За Ст. Рафаел пак, ова беше прв пораз сезонава, по една победа и едно реми во првите две кола.

Се вчитува...