Лазаров против Кузмановски во ЕХФ-Купот

Двајцата македонски репрезентативци, Кире Лазаров и Филип Кузмановски ќе ги одмерат силите во рамките од Купот на ЕХФ, откако Нант и Магдебург беа извлечени во групата Ц од ова европско натпреварување. Двајцата интернационалеци во јануари ќе бидат значајни адути на македонската репрезентација во обид да се стигне до што подобар пласман на ЕП 2020, но потоа ќе водат две меѓусебни битки за што подобар пласман и учество во нокаут фазата од ЕХФ-Купот.

Покрај Нант и Магдебург, дел од оваа група е и Горење Велење, тим што го елиминираше Металург од ова натпреварување, како и шпанскиот претставник Адемар Леон.

Борко Ристовски беше најзаслужен за пласманот на Бенфика во групната фаза од ЕХФ-купот, а тимот на македонскиот голман сега го очекуваат дуели со Мелсунген, Бјерингбро Силкеберг и полскиот претставник Гвардија.

Се вчитува...