Лазаров: Сите имаме добри спомени од Вараждин, нека биде повторно така

Македонија на денешната ждрепка во Хрватска ги доби противницте за СП 2025. Нашата национална селекција ќе биде дел од групата Д што ќе се игра во Вараждин каде носител е селекцијата на Унгарија, од вториот шешир ја добивме Холандија, а од последниот го добивме африканскиот дебитант Гвинеја.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров ги даде своите први импресии по дознавањето на противниците за СП 2025 година.

„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Имаме добри спомени сите од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“, изјави Кирил Лазаров.

Се вчитува...