Лазаров славеше во контролата против Пешевски

Ракометните репрезентативци на Македонија се подготвуваат со своите екипи ширум Европа, а Кире Лазаров и Жарко Пешевски се сретнаа еден против друг во рамките од „Шпаркасен Купот“ што се одржува во Германија.

Сосема очекувано, Лазаров и Нант доминираа во однос на ракометарите на Штутгарт, на крајот убедливо триумфирајќи со 34-21. Тимот на Пешевски парираше до пред крајот на полувремето, на одмор се замина со резултат 14-10, за во вториот дел Нант уште повеќе да ја зголеми предноста и на крајот да триумфира со двоцифрена позитива.

Кире Лазаров го заврши натпреварот со два постигнати погодоци, додека на спротивната страна Пешевски трипати се запиша меѓу стрелците на оваа средба.

Се вчитува...