Лазо Лечиќ: Треба да си помагате, а не да се плукате

Во периодот на најголема криза во историјата на македонската кошарка, свој став за целата ситуација дава и најлегендарниот тренер што сме го имале во нашата земја. Лазо Лечиќ има направено многу за македонската кошарка, знае што е потребно за да се успее, па со своите добронамерни совети се надева дека и овојпат ќе помогне проблемите да бидат надминати.

Пораката на Лечиќ, објавена на неговиот фејсбук профил, ја објавуваме во целост:

Ја пратам полемиката, зошто се наоѓа кошарката во оваа ситуација?

На прво место, во кошарката во Македонија ни се менаџерите, на второ се клубовите, кои наместо да ги натераат тренерите да направат играчи, тие купуваат играчи. И сега веќе имаме повеќе странски тренери и играчи…

Нашите пари одат кај странците. Тренери, клубови, играчи, како ќе се прави македонската кошарка ако нашите играчи седат на клупа?

Исто така работа која мора да се поправи се навивачите, мора повторно да се наполнат салите, но да не се мешаат во организацијата на еден клуб.

Новинарите кои ја сакаат кошарката мора да почнат да пишуваат и за позитивните работи кои се случуваат наместо да се фокусираат на негативните и наметнуваат лоша клима во кошаркарскиот свет.

Тренерите се толку уплашени од управите, поради притисокот што го имаат. Тренерите мора да бидат татко и мајка на еден клуб, не смее да работат за интерес и мора да бидат 100% поддржани од страна на управите, да извадат што повеќе играчи наместо една титула која не значи ништо во ваква ситуација. Тие мора да бидат оставени да работат најмалку еден полуолимписки или олимписки циклус како би покажале резултати.

Мора да се размисли на опцијата, да се сменат термините на одигрување на натпреварите во лигата, мој предлог е да се играат за викенд, сабота и недела во периодот од 11 до 16 часот, поради тоа што во подоцните часови има голем број настани што мора да ги избегнеме како би собрале повеќе народ во салите.

За репрезентации, мора да играат сите, сите повикани играчи мора да играат за Македонија. МКФ е институција, кога ќе бидат повикани мора да играат. Тие се излезени од тука, мора да бидат благодарни и да играат за Македонија. Во младите категории мора да бидат најдобрите македонски тренери кои ќе создаваат нови играчи. Тие тренери мора да бидат професионалци, а не тоа да им биде додатна работа. Мора да знаат да направат селекции во овие категории, кои ќе сочинуваат најталентирани деца.

А до федерацијата морам да ги советувам декка мора да стават ред на лиценцирање на тренери. Не може секој година да има е повеќе приватни клубови кои работат во млади категории и има тренери кои немаат никакво познавање за кошарката. И уште една идеја – подобрување на мини-баскетот, кој досега постои само за профиф. 

А!ко федерацијата (тренерска организација, стручен совет) ја прочита оваа порака и сака да преземе нешто во било која гранка на кошарката, нема ме конактира за да го слушне мојот совет

Последно – мора да почнете да работите како семејство, а не да се плукате меѓу себе. ПОМАГАЈТЕ СИ.

Спортски поздрав, 

Лазо Лечиќ.

Се вчитува...