ЛЕ: Работнички не треба да има проблем со Тре Пене

Работнички денеска (17.30 часот) го пречекува претставникот на Сан Марино, тимот на Тре Пене во Скопје, на комплексот на ФФМ, во реванш натпревар од првото коло во квалификациите за Лигата на Европа. „Романтичарите“ имаат предност од еден гол (1-0) од првиот дуел во Сан Марино, и се големи фаворити во пресрет на возвратните 90 минути. Се очекува рутински пласман на тимот на Виктор Треневски во следната рунда.

„И пред првиот натпревар напоменав дека Работнички е фаворит, сега по еден одигран дуел тоа можам да го потврдам. Остваривме минимална победа против Тре Пене во Сан Марино, а сега очекувам уште поубедлив триумф на нашиот тим. На првиот дуел имавме неколку избрзани реакции, тоа придонесе да не го отвориме резултатот брзо. Се надевам дека денеска ќе биде сосема поинаку и дека ќе славиме поубедлива победа“, вели капитенот Душко Трајчевски.

Се вчитува...