Леандро Тросар го засилува Арсенал

Напаѓачот на Брајтон, Леандро Тросар е блиску до трансфер во Арсенал, открива доброупатниот Фабрицио Романо. Белгискиот репрезентативец игра одлична сезона во која блесна во Премиерлигата и Светското првенство во Катар па во него Микел Артета гледа како играч кој ќе ја донесе шампионската титула.

Тој веќе ги договорил личните услови со Арсенал и останува уште да се договорат двата клуба за износот на трансферот. Белгиецот цели кон промена на средината, но јасно е и дека многу ќе зависи од финансиската понуда. Како потсетување, Михајло Мудрик беше топ трансфер цел на „топџиите“, но преговорите пропаднаа поради несогласувањата за износот на истиот.

Се вчитува...