Леброн: Марк Гасол го има мојот трофеј…

ЛА Лејкерс нема да се задоволат само со трофејот освоен минатата сезона. Тимот од Лос Анџелес беше еден од најактивните оваа претсезона, во своите редови ги донесе Марк Гасол и Денис Шродер, искусни играчи за одбрана на титулата кои ќе бидат од голема помош на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Четирикратниот НБА шампион не може да ја заборави 2013 година кога во изборот за најдобар дефанзивен играч на годината загуби од Шпанецот, кој беше во одлична форма носејќи го дресот на Мемфис.

„Среќен сум што Марк е тука, уште еден шампион со Торонто Рапторс и играч кој секогаш сум го сакал… Марк го има и мојот трофеј за дефанзивен играч на годината, едвај чекам да зборуваме за ова“ – изјави Леброн Џејмс за „Спектрум Спортс Нет“.

Се вчитува...