Леброн: Да ги испукаме сите куршуми што ги имаме, следниот натпревар мора да го добиеме!

Лос Анџелес Лејкерс претрпеа катастрофален пораз во мечот против Феникс Санс ноќта помеѓу вторникот и средата. Тимот на Леброј Џејмс изгуби со резултат од 115-85, па сега сега веќе не смеат да загубат ниту еден натпревар во серија доколку сакаат да продолжат да ја бранат титулата.

Леброн Џејмс одигра меч без значајната помош од соиграчот Ентони Дејвис. Ветеранот на Лејкерс имаше 24 поени и седум асистенции, а тој вели дека не знае што тргнало наопаку за да доживеат убедлив пораз.

„Нашите противници беа доминантни и убедливи, едноставно е. Тие направија се што замислија да победат, а ние треба да бидеме подобри ако сакаме да играме на седмиот натпревар. Ние мора да ги испукаме сите куршуми што ги имаме и да фрлиме пиштол и кон нив. Едвај чекам, знаете, околината, нашите фанови ќе ни дадат многу енергија. Едвај чекам за тој предизвик и да видам како целата позитивна атмосфера ќе го извади најдоброто од мене и од соиграчите“, додава Џејмс.

Се вчитува...