Леброн Џејмс е најдобриот стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс испиша историја откако синоќа успеа да го мине Карим Абдул Џабар на вечната листа на кошаркари со најмногу поени во регуланрниот дел од сезоната во НБА лигата.

Со 38 поени во поразот на неговиот Лос Анџелес Лејкерс од Оклахома Сити Тандер 130-133 Леброн Џејмс успеа да го мине Џабар и со тоа да си обезбеди место во историјата.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Орландо – Њујорк 98-102, Бруклин – Феникс 112-116, Њу Орлеанс – Атланта 116-107, Мемфис – Чикаго 104-89, Денвер – Минесота 146-112.

Се вчитува...