Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лејкерс за уште три сезони

Една од најголемите НБА ѕвезди во историјата, Леброн Џејмс го продолжи договорот со ЛА Лејкерс на уште две години, за 85 милиони долари.

Џејмс, кој на крајот од месецот ќе наполни 36 години, останува во Лејкерс до крајот на сезоната 2022/23, што ќе биде негова 20-та сезона во НБА лигата.

Џејмс во следната сезона ќе заработува 39,2 милиони долари, 41,1 милион долари во сезоната 2021/22, како и 44,4 милиони долари во последната сезона. „Кралот“ изминатава сезона ги предводеше Лејкерс до првиот наслов во последната декада, и вкупно 17. титула во историјата. Два прстени досега освои со Мајами (2012, 2013) и еден со Кливленд (2016).

Лејкерс за новата сезона донесоа уште три одлични кошаркари, Монтрезал Харел, Денис Шредер и Марк Гасол, па повторно се најголеми фаворити за освојување на НБА титулата.

Се вчитува...