Леброн Џејмс: Никола Јокиќ е еден од најинтелигентните кошаркари во историјата

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс на подкастот кој го одржува заедно со поранешниот НБА кошаркар, Џеј-Џеј Редик говореше за што е потребно да стигнете до титула во НБА лигата.

Според Американецот кога сезоната ќе се сведе на последните четири тимови (во НБА лигата – конференциско финале) одлучува кошаркарската интелигенција. Во тој случај неизбежно беше да се спомене Никола Јокиќ кој според „Кралот“ е во негов ранг.

„Четирите најдобри тимови ќе бидат тимовите со најдобрите играчи и најдобрите тренери. Тоа што ќе ги разликува е кошаркарската интелигенција. Бидејќи постојат моменти во играта за кои тренерот и скаутингот не можат да ве подготват, не може ни да ве подготви историјата на спортот. Тука морате да имате кошаркарска интелигенција за да се прилагодите веднаш. Ако го немате тоа ниво на ментален склоп или тој капацитет тогаш тим како Денвер со еден од интелигентните кошаркари кои сме ги виделе во Никола Јокиќ, Голден Стејт со Дрејмонд и Стеф, било кој мој тим со кој играв во финалето остапува“, изјави Џејмс.

Се вчитува...