Леброн Џејмс отвори училиште во родниот Акрон

НБА Суперѕвездата, Леброн Џејмс потврди дека е вистински херој како на теренот така и надвор од него. Новиот играч на Лос Анџелес Лејкерс отвори училиште за деца во ризик во родниот град Акрон во Охајо. Училиштето е заеднички проект на фондацијата на Леброн Џејмс и на Управата на државните училишта во Акрон. Во него засега ќе учат 240 деца.

„Сакавме да направиме се за нив. Се па дури и повеќе од тоа. Ова многу ми значи“ – изјави Леброн на отворањето на училиштето.

Џејмс ќе биде најголем финасиер на проектот. Училиштето е за деца кои што заостануваат во образованието и потекнуваат од проблематични семејства.

Леброн Џејмс има вистинско разбирање на овие дечиња со оглед дека кога бил четврто одделение пропуштил дури 83 училишни дена поради тоа што неговто семејство немало автомобил.

 

 

Се вчитува...